На 29.04.2018 година во 12,10 часот телефонски во Полициско одделение Новаци, Н.Р. (35), одговорен на обезбедувањето во РЕК “Битола“, пријавил дека истиот ден околу 12,00 часот во РЕК “Битола“ – Термо, на кота 58 пронајдена била експлозивна направа-артилериска граната, калибар 75 милиметри, со потекло од Првата светска војна.
Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување-Битола, пронајдената експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка.






