Press "Enter" to skip to content

На обиколницата срам и резил прикажан на три “слики“ (фото)

Неодамна ја пропешачивме обиколницата, но не со намера да проверуваме како се одвива сообраќајот,  дали работат семафорите или дали се средува свлечиштето, туку едноставно да излеземе малку во природа над Битола и оттаму да направиме некоја фотографија.Но, наместо како планиравме да фотографираме некој мотив од Битола, некое планинско цвеќе или пак фотографии од кај Снегово кон Пелагонија, Кајмакчалан и Пелистер, фотографиравме срам и резил што се случи на обиколницата.Камион со приколка, од најголемите како се вели, застана уредно на црвено светло на семафорот кој го регулира сообраќајот кај свлечиштето, возачот  Гоше (забележавме табличка на “шофершајбната“) додека беше запалено црвено светло излезе од камионот, изврши физиолошка потреба, а потоа како ништо да не било се кажи во камионот, и на зелено светло си го продолжи патот каде беше кинисал не одрнувајќи внимание на возилото кое од спротивен правец на движење кое помина на зелено или на нас, иако само на две-три минути има бензинска пумпа со тоалет.

Што да се каже по ова бедотија е бадијала, а се додека има вакви возачи по патот, патовите наместо со зеленило, покрај нив ќе бидат со разни бои какви што се најлоните и пластиките и отпадоците кои ги фрлаат несовените возачи од возилата.

Текст и фото: С.Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »