Press "Enter" to skip to content

Во верижна сообраќајка кај Крушје, Ресенско загинаа два брачни пара од Битола и Могила

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера доцна попладне во непосредна близина на ресенското село Крушје, помеѓу две патнички возила со битолски регистерски таблици и едно патничко возило со охридски регистерски таблици.

-Сообраќајната несреќа се случи ма магистралниот пат А-3 релација Охрид-Ресен, кај местото викано Рибник во село Крушје. Во сообраќајната незгода учествуваа три патички моторни возила – “мерцедес“ со битолски регистерски таблици управувано од Миле Р. (67) со сопатничката Менка Р. (65) и двајцата од Битола, патичко моторно возило “ауди а-4“ исто така со битолски регистерски таблици управувано од возач С.Н. (44) која патувала заедно со Димче С. (59) и Цена С. (53), жители на општина Могила и трето патничко моторно возило БМВ со охридски регистерски таблици управувано од И.Т. (27) со својот сопатник В.Р. (27). Во сообраќајната несреќа на местото на настанот животот го загубија Миле Р., Менка Р., Димче С., и Цена С., а смртта ја констатира медицинска екипа на Службата за итна медицинска помош од Здравствен дом Ресен. Со тешки телесни повреди е лицето С.Н. која управувала со возилото “ауди А-4’“, соопшти Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

Се води истрагата за сообраќајната несреќа.

More from ВестиMore posts in Вести »