Press "Enter" to skip to content

Денот на полицијата 7-ми мај одбележан и во Битола

Денот на полицијата, 7-ми мај денес беше свечено одбележан и во Битола, а СВР Битола со неколку настани го потврди значењето на овој ден за нив.

Традиционално денешните свечености започнаа со полагање на свежо цвеќе на спомениците на загинатите припадници на полициски сили во дворот на СВР Битола и на споменикот “Ангел“ во паркот кај Саат кулата. Свежо цвеќе положија делагации на полицијата, Советот на општина Битола, заменик градоначалничката на Битола, Емилија Костурска, претставници на политичките партии, членови на семејствата на загинатите, градоначалникот на Новаци…Членови на синдикалната организација на СВР Битола и оваа година го посетија Домот за доенчиња и мали деца во Битола и донираа адаптирано млеко, за потребите на оваа институција.

По повод празникот на полицијата, Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола рече:-МВР во последно време има приоритетни активности, најнапред враќање на довербата и чувство на поголема безбедност на граѓаните со враќање на стариот маалски полицаец, односно враќање на позорната служба. Реактивирање на локалните совети за превенција, а голем акцент ставаме и врз поголемата безбедност во сообраќајот, последно време гледаме дека се случуваат повеќе сообраќајни незгоди.

 

More from ВестиMore posts in Вести »