Press "Enter" to skip to content

Битолчаните Кире Божиновски и Александар Најдовски на торжеството на Христовиот Војвода Георгиј во Струга

На миротворната поворка на Светиот Великомаченик Георгиј по улиците на Струга, битолчаните Кире Божиновски и Александар Најдовски беа дел од традиционалната литија за  достојно да го прослават великиот Христов Воин и закрилник на православните општества.Зад цветниот балдахин со неговите чесни и благоухани мошти од Обителта во Рајчица, зад познатиот чудотворен образ на Победоносецот, меѓу четворицата беше и битолчанецот Кире Божиновски.

На литијата верни чувари на големата светиња – моштите на Светиот, беа младите капидани од бигорската сејменска гарда, облечени во традиционални мијачки носии, а нивни знаменосец беше вториот битолчанец, Александар Најдовски. Еден од капиданите беше Златко Ѓоргиевски исто така од Битола.Верниците Кире Божиновски и Александар Најдовски заедно со Горан Милевски и Ламбе Алабаковски беа четворицата кои ја носеа иконата на Светите четириесет маченици на големата литија низ битолските улици пред неколку години.