Press "Enter" to skip to content

На “Магнолија“ одбележан денот на Европа (фото)

Традиционално Општина Битола, ЕУ инфо точката и Делегација на Европската унија во соработка со основните училишта од градот на плоштадот “Магнолија“ го одбележува 9 мај, Денот на Европа, со претставување на пет земји членки на Европската унија од страна на училиштата. Преку песна, радост, игра и креативност, внесувајќи посебна енергија низ креативноста на учениците од основните училишта кои преку своите изработки, претставуваа 5 земји на ЕУ, нивната култура, историја и традиција.На сите присутни им се обрати заменик градоначалничката Емилија Костурски, која за овој ден од бината на “Магнолија“ рече:-Денес го славиме Денот на победата на доброто над злото и го пренесуваме и продолжуваме заветот- злото никогаш да не се повтори. Денес го славиме 9 мај , Денот на Европа, ден кој нѐ обединува во различностите и нѐ потсетува дека постојано треба да бидеме предадени на идејата за обединување, мир и сигурност и дека треба постојано да бидеме предадени на она вистинско збогатување со култура и јазици на различните народи. Нашиот град се приклучува кон прославите од цела Европа. Основците од нашите училишта и најмалите од градинките со својот ентузијазам ја носат Битола во Европа, и Европа во Битола. Битола е Франција, Италија, Латвија, Кипар, Малта, Битола е Европа.Потоа таа ги посети сите штандови каде беа претставени дел од земјите членки на Европската унија и ги пофали учениците и нивните ментори за тоа како се потрудиле да ги претстат избраните земји.Душко Костовски, в.д. Директор на ОУ “Св. Кирил и Методиј“ од Битола за тоа што подготвија за овој ден рече:-Нашето училиште и оваа како и секоја година учествува на оваа прослава на Денот на Европа која се одржува на плоштадот “Магнолија“. Оваа година ние ја претставуваме Малта, земја член на Европската унија. Одговорните наставници тука на битолчани им ја претставија земјата преку малтешкиот крст, колачите подготвени по малтешки рецепти и други знаменитости од таа земја, а според реакциите на присутните мислам дека е усшешно.Забавниот дел од програмата го исполнија детскиот хор „Ѕвончиња“ , децата од детските градинки на ЈОУДГ„Естреја Овадија Мара“, како и музичките настапи на Guess whoи „The groove“.

Текст и фото: С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »