Единствената високообразовна и научно-истражувачка институција од областа на информатичките науки и комуникациското инженерство, Факултетот за информатички и комуникациски технологии, денес на свечен начин беа доделени на дипломи на дипломирани студенти на додипломските студии и на после дипломските студии.
На свечениот чин на дипломираните студенти им се обрати ректорот на битолскиот Универзитет проф. д-р Сашо Коруновски, кој честитајќи им го завршувањето на студиите им посака успешна професионал кариера на сите, а ги покани и да ги продолжат студиите.
-Ова не е крај, ова е нов почеток за сите, нагласи Коруновски.
Деканот на ФИКТ проф. д-р Игор Неделковски, од свечената гоорница рече дека сите заедно без разлика на проблемите кои ги имале тука во просториите на факултетот и секако и убавите спомени кои ќе ги понесат студентите од овој факултет се дел од нивното школување кое многу ќе им ги користи во иднина.
Неделковски им посака среќна иднина на сите завршени студенти и додаде:
-Доделивме вкупно 80 дипломи на дипломирани и магистрирани студенти. Се презентираме пред нашите идни студенти, односно средношколците. Имаме присутни ИТ компании од регионот, бидејќи информатичката технологија е една од професиите која што е најбарана на пазарот но и една од најплатените. Од денес продолжуваме и со изградбата на новата здрада, така што идните студенти ќе можат да студираат во подобри услови.
На најдобрите студенти кои со највисоки оценки ги завршија студиите им беа доделени пригодни подароци, а тие им се обратија на присутните и им гии кажаа своите искуства од студирањето и секако своите планиви.
Во дворот на ФИКТ кој беше специјално уреден за овој чин на доделување на дипломите се одржа и Отворениот ден се одржа и Саем за кариерен развој на кој присуствуваа ИТ компании од државата и регионот. Тука идните студенти имаа можност да ги разгледаат просториите на факултетот, да се запознаат со наставниот кадар и студиските програми, да се запознаат со условите за студирање, со цел да добијат вистинска слика за темите кои се изучуваат на секоја од насоките.
Факултетот за идните студенти нуди две студиски програми, три годишни студии по информатика и комјутерска техника и четири годишни студии по информатички науки и комуникациско инженерство, а минатата година на ФИКТ се запишале околу 200 студенти заедно со дисперзираните студии во Велес, колку се надеваат дека ќе запишат и оваа година.






