Press "Enter" to skip to content

Локалниот клуб на СДММ од Битола прослави 26 години од основањето (фото)

Голем број на млади членови и симпатизари на СДСМ од Битола беа на прославата на 26. роденден на локалниот клуб на Социјал демократската младина на Македонија во Битола, кој се одржа синоќа во пабот “Интермецо“ во  Битола.На прославата домаќинот, претседателот на ЛК СДММ – Битола, Драган Крајовски, покрај членовите ги пречека и пратеникот и генералниот секретар на СДСМ – Александар Кирацовски, градоначалничката Наташа Петровска, претседателот на ОК на СДСМ Битола – Менде Тасевски, советникот и координатор на советничката група – Методија Илиевски, генералниот директор на РЕК “Битола“ – Васко Ковачевски, советници, директори на јавните претријатија и други институции од градот…Трибината ја отвори претседателот на ЛК СДММ Битола Драги Крајовски, а потоа зборуваше Александар Кирацовски. Крајовски на сите млади членови на СДММ Битола им го честита роденденот и рече дека роденденот го слават на ден кога е извојувана победата над фашизмот и на денот на Европа и дека има голема чест сега во овој период да ја води социјалдемократската младина на Битола.Кирацовски во своето излагање пред своие млади сопартијци и симпатизери покрај честитките за роденденот се задржа и на годините кога заедно со другите членови на локалниот клуб беа вклучени во работата на партијата во Битола, се присети на добри и не така добри случки од тој период и нагласи дека сега кога СДСМ ја има централната власт, но исто така и локалната ќе направат се за подобар живот на младите во државата и Битола со многу нови проекти наменети токму за младите, се со цел тие да се вработуваат тука и да се запре иселувањето на младите од градот и државата.

Со истиот став беше и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која рече дека локалната власт поткрепена од ценралната ќе се бори за подобар живот на младите тие својата иднина да ја гледаат тука во родниот град.За тоа како бил организиран локалнииот клуб на СДММ во Битола зборуваше долгогодишниот претседател Методија Илиевски кој рече дека овој клуб со своите членови секогаш ја имал поддршката од општинската организација и дека младите бил дел од носителите на активностите на партијата вотекот на изминатиот период.Оваа година роденденот беше обдележан “работно“ со одржување на трибина посветена на младите на која за своите очекувања, тука во Битола и Македонија, во името на сите млади од Битола зборуваше млад човек кој ги кажа своите видувања како планира  да живее, а ги пренесе и своите погледи од странство каде и живеел претходно.

По трибината следуваше и неформалниот дел од прославата на 26. роденден на ЛК СДММ од Битола за дружење и коктел забава.

More from ВестиMore posts in Вести »