Press "Enter" to skip to content

На денот на културата во сообраќајот поделени повеќе лимони од фрешери

Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Битола, се вклучи во една поголема европска иницијатива за одбележување на  11-Мај, Ден на културата во сообраќајот заедно со претставници од Oпштина Битола, СВР Битола, директорката и учениците од ОУ Елпида Караманди.

Заедно сите вклучени во одбележувањето беше одржана презентација на “Сообраќајната лектира“, во која се содржани најважните лекции од безбедноста во сообраќајот за учениците до 12 години  и поставување на едукативна сообраќајна патрола на неколку локации во централното градско подрачје која имаше за задача да ги “награди“ сите учесници во сообраќајот.

Сообраќајно едукатовните патроли со награда – фрешер за во автомобил ги наградија оние што се однесуваат во склад со правилата и прописите (како знак на поддршка и понатаму да продолжат да ги почитуваат правилата), а со подарок лимон несовените учесници во сообраќаот како сеќавање на направениот сообраќаен прекршок. -За жал, екипата на сообраќајна едукативна партола денес подели повеќе лимони одколку фрешери за во автомобили, и тоа е состојба која ќе се обидеме низ понатамошни вакви и слични едукативни настани, трибини и кампањи да ја подобриме, истакна д-р Јасмина Буневска Талевска, претседател на Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Битола.

Оваа иницијативата потекнува од Унгарската научна асоцијација за транспорт и има за цел да опфати повеќе европски градови коишто со свои активности ќе дадат придонес кон подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот, а со тоа и културата во сообраќајот, а ќе има активности коишто како Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Битола, ќе ги превземеме се во неколку правци и тоа работа со децата од основните училишта, излегување на терен и опфаќање и на возачите на моторни возила и активности насочени кон пешаците, велосипедистите и сл.

Анализите покажуваат дека годишно во нашата држава во сообраќајни незгоди страдаат 25-30 млади лица, а тоа ни е повеќе од доволен податок зошто родителите се многу загрижени за безбедноста на нивните деца во сообраќајот. Впрочем, најефективен начин да се победи оваа грижа е да се едуцираат И ДЕЦАТА, НО И ВОЗРАСНИТЕ за нивната улога во сообраќајот, за почитувањето на прописите и културата во сообраќајот, за тоа како безбедно да се движат, но пред сè за потребата да бидат внимателни.

 

 

 

 

More from БитолаMore posts in Битола »