По повод верскиот празник Св. Атанасие Велики ќе се одржи чествување во манастирскиот комплекс посветен на овој светец кај мариовското село Старавина, во месноста викана “Црквиште“.
Домаќинот во манастирот “Св. Атанасие Велики“, Иле Јошевски, сопственик на месарницата “Карно комерц“ –месарница “Бела Чешма“ заедно со сите членови на Црковниот одбор ги покануваат сите верници со потекло од мариовскиот крај, како и сите верници од Битола, Новаци и Мариовскиот крај да присуствуваат на честувањето на овој светец кое ќе се одржи вечерва и утре во манастирскиот комплекс, каде ќе се одржи општонароден собир.
-Јас како еден од домаќините на славата на манастирот “Св. Атанасие Велики“ – летен ми претставува чест да ги поканам сите верници од овој крај, без разлика каде живеат сега, да присутвуваат на славата. За денес имаме организирано вечера на која очекуваме да има околу 500 гости, а исто толку гости очекуваме и утре на ручекот. Сите гости кои ќе бидат тука вечерва и утре ќе можат да ги видат убаво уредените конаци и да преноќеваат во една од 8 соби или д,вата апатмани. Очекувам за двата дена тука да има околу 1.000 гости, но најголем број имаат свои куќи тука во Старавина и околните села, но 50-тина верници ќе преноќеваат во манастирскиот комплекс, за колку што сме и подготвени, вели Иле Јошевски.
-Посебно се радувам на тоа дека според најавите вечерва и утре тука во манастирскиот комплекс че бидат голем број на наши роднини, пријатели, комшии кои се раселени низ целиот свет. Тука ќе има Мариовци кои живеат во Австралија, Европа, Канада, Америка… а сите заедно ќе не собере тука заедно заштитникот на Манастрот, вели Јошевски.
Се очекува утре гостин да биде и градоначалникот на Новаци, Љубе Кузмановски, кој на жителите од овој крај ќе им соопшти дека за неколку месеци ќе биде асфалтиран патот од Рапеш до Старавина, кој е болна точка за овој регион.
Иле Јошевски, како добар домаќин на славата ќе биде во манастирскиот компекс на располагање во текот на двата дена или како вели од доаѓањето на првиот гостин па се до заминувањето на последниот.
Покрај тоа што неговата фирма ја подготви храната, тој го обезбеди и комплетниот персонал кој ја подготвува и служи храната, а секако дека и голем број од верниците ќе помогнат во тоа, додава Иле.
Во дворот на манастирот ќе се одржи и општонародна веселба, а за убавата забава вечерва и утре ќе се погрижи музичката група “Чебрен“.
-Нам ние е чест да настапуваме во манастирскиот комплекс по повод празникот Свети Атанасие Велики, а секоја покана од домаќинот Иле Јошевски ја прифаќаме секоја година, вели Димитар Кулевски, кој поради оваа слава на манастирот допатува специјално од Австралија, а Кулевски додава дека околу 1.000 гости ќе уживаат два дена тука, во убавото Мариово.






