Press "Enter" to skip to content

ФИКТ на 50-тина млади луѓе им овозможија да се стекнат со вештини за финансиите

Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) од Битола по втор пат беше организатор на дводневна обука на тема: “Финансиско знаење“, која се реализира во рамките на проектот: “Инклузија и иновација во микрофинансирањето“.

Македонската развојна фондација во соработка со Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење- Скопје и Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ)- Битола на 50-тина млади луѓе од Битола, Ресен, Кавадарци и Велес им овозможија да се стекнат со вештини од областа на финансиите.

Обучувачот Влатко Делов преку интерактивни вежби, презентација и дискусија им овозможи на учесниците на обуката во текот на два дена да се стекнат со знаења за финансискиот систем на РМ, кредитирање, лизинг, паметно трошење, мотивација за трошење, кредитини картички, бизнис план и сл.На обуката со свои презентации учествуваат штедилница “Можности“, фондација “Хоризонти“ и штедилница “ФУЛМ“. По завршувањето на обуката секој од учесниците се стекна со сертификат за завршена обука за финансиско знаење.

Проф. д-р Моника Марковска и проф. д-р Божидар Миленковски, како иницијатори и организатори идентификуваа интерес за проблематиката од страна на младите, вклучувајќи студенти и млади луѓе од други единици на Универзитетот “Св. Климент Охридски“- Битола, односно, од Правниот факултет, Биотехничкиот факултет, Економскиот факултет, како и студенти од Меѓународниот Славјански Универзитет и претставници од НВО Интерактив и Политеа од Битола.

Покажаниот интерес за оваа обука го потврдува фактот за значењето на финансиите како проблематика, која се изучува на интерактивен и помалку конвенционален начин.

More from ВестиMore posts in Вести »