Шестоодделенката Симеона Стерјева, ученичка при ОУ „Гоце Делчев“ – Битола, деновиве освои 3. место на меѓународниот натпревар по англиски јазик Hippo 2018. Годинава таа беше дел од настан во кој беа опфатени 23.000 ученици на возраст од 9 – 19 години и успеа да се пласира во финалето во Лидо ди Јесоло, Италија, заедно со уште 98 учесници од над 30 земји од светот.
—Беше напорно со оглед на тоа што за некои учесници натпреварот започна од 10 часот наутро, а тестирањето во сите 4 јазични вештини (слушање, читање, говорење, пишување) траеше речиси до 19 часот. Сепак најголемото искуство беше да се запознаат толку многу другарчиња од различни страни на светот. Успехот за мене претставува мотив за понатамошно учење и школување на англиски јазик – изјави нашата Симеона.
-Задоволство е да се има ученик како Симеона, зашто корените на нејзиниот успехот првично лежат во нејзината трудољубивост, но и силна амбиција за успех. Заслугата е нејзина како и на сите нејзини досегашни наставници по англиски јазик, чиишто ученик била од својата петта година- сподели за нашиот портал Сашка Делова, нејзин ментор и наставничка по англиски јазик при ОУ „Гоце Делчев“ – Битола, која искажа и благодарност до организаторите што ни овозможија да бидеме дел од еден ваков голем мултикултурен настан со натпреварувачки карактер.

Симеона Стерјева од ОУ “Гоце Делчев“ освои 3. место на меѓународниот натпревар по англиски јазик Hippo 2018
More from ВестиMore posts in Вести »
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“





