Рано наутро на крстосницата се скучила страшна сообраќајка кога возач управувајќи со патничко моторно возила марка “џип нисан“ утрово околу 4 часот удрил во бетонскиот кружен тек кај Педагошка академија во Битола, при што од ударот го оштетил кружниот тек, ја скршил канделабрата и го демолирал џипот.

Дознаваме дека возачот на возраст од 38 години, роден 1980 година, е од село Цапари, а покрај силината на ударот поминал само со лесни телесни повреди и е на лекување во одделението за неврохирургија во Клиничката болница во Битола.

Според изјавите на очевидците глетката била страшна, а џипот “нисан“ во предниот дел бил целосно демолиран. Од ударот менувачот на возилото бил фрлен на страна од возилото, а насекаде наоколу имало делови од возилото, а возачот имал среќа на ваков удар да заврши само со лесни телесни повреди.

И при нашата посета на местото на сообраќајката се уште се наоѓаа делови од џипот во внатрешноста на крушниот тек, а наоколу се забечежуваа видливи траги од ударот.

Страшна сообраќајка: Цапарчанец удрил во кружниот тек со џип, ја скршил канделабрата и заврши на неврохирургија (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола се одржа Економски форум посветен на развојот на извозот (фотогалерија)
- Прес-конференција на градоначалникот Коњановски: од транформаторот до булеварскиот влез
- Отворена изложба на вредната уметничка колекција во Ректоратот на УКЛО Битола (фотогалерија)
- Полскиот амбасадор во прва официјална посета на Битола
- АК Олимп Битола со нови победи и подиуми во Скопје и Штип





