Press "Enter" to skip to content

На техничкиот факултет заврши меѓународната конференција “Транспортот во денешното општество“

На Техничкиот факултет во Битола заврши тродневната, втора, меѓународна конференција „Транспортот во денешното општество“ (http://www.ttsconference.org), која се одржуваше во организација на Технички факултет Битола и Отсекот за транспорт и сообраќај, а во коорганизација на девет Факултети и Универзитети од поширокиот регион.

Конференцијата ја отвори Министерот за транспорт во владата на РМ, Горан Сугаревски, градоначалничката на Битола Наташа Петровска и генералениот секретар на Европската платформа за транспортни науки Себастијан Белтс, кои со своето присуство покажаа дека транспортот и сообраќајот се на највисоко општествено и институционално ниво.

-Јас ќе бидам лично среќен и професионално исполнет доколку конференцијата придонесе за размена на идеи и искуства, проширување на видиците, стекнување на нови сознанија и зајакнување на соработката, рече деканот на Технички факултет Битола проф. д-р Стојанче Нусев.

Генерални покровители на оваа меѓународна конференција беа Министерството за транспорт и врски и Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »