Press "Enter" to skip to content

Општина Битола и МКЦ Битола ќе формираат Локален совет за волонтерство

Младинскиот културен центар – Битола во рамките на грантот „Инспирирај, вклучи се, волонтирај!“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, одржа презентација на иницијативата за воспоставување на Локален совет за волонтерство во рамките на Општина Битола.

Целта на грантот „Инспирирај, вклучи се, волонтирај!“ е да се зајакне активното младинско учество преку одржлив развој на волонтерството на локално ниво.

По презентацијата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Битола и Младинскиот културен центар, а беше отворена и дискусија со цел првични консултации за функцијата и ингеренциите на локалниот совет за волонтерство и очекуваните резултати од работата на ова тело.

Локалниот совет за волонтерство ќе претставува меѓусекторско тело одговорно за имплементација и следење на Стратегијата за развој на волонтерството во општина Битола (2015–2018) и промоција на волонтерските политики и програми на локално ниво.

Формирањето на Локалниот совет за волонтерство, предвидено е во рамките на оваа стратегија и негови клучни задачи ќе бидат да работи на зголемување на бројот на младинско учество во локалната заедница преку волонтерство, како и да работи на препознавање и признавање на волонтерскиот труд на локално ниво.

More from ВестиMore posts in Вести »