Press "Enter" to skip to content

Во тек е ремонт на блоковите во РЕК “Битола“, АД ЕЛЕМ подготвени за новата грејна сезона (фото)

Денес во посета на РЕК “Битола“, најголемиот производител на електрична енергија во државата, беше Драган Миновски, генерален директор на АД ЕЛЕМ кој нагласи дека АД ЕЛЕМ подготвено ќе ја дочека новата грејна сезона затоа што навреме почна со ремонт на трите блока во РЕК “Битола“.

-Во моментов се одвиваат ремонтни активности на Блокот 1, а потоа ќе следуваат и ремонтните активности на блоковите 2 и 3 се со цел подготвени да ја дочекаме грејната сезона и во зимскиот период да бидеме во функција трите блока. Во моментов на депонијата за јаглен имаме околу 280.000 тони подготвен откопан јаглен, со што се гарантира зголемено производство на електрична енергија, но исто така и безбедна и сигурна работа, како на РЕК „Битола“, така и на електроенергетскиот систем на Република Македонија, потенцира Миновски.

Генералниот директор на овој комбинат Васко Ковачевски, истакна дека за ремонтните активности на трите блока ќе бидат вложени околу 10 милиони евра.

-Ремонтните активности на Блокот 1 во РЕК „Битола“ почнаа на 10 мај и очекуваме до средината на октомври да завршат сите ремонти, вклучувајќи ги и Блок 2 и Блок 3. Со новиот начин на менаџирање и принципите што ги воспоставивме значително ги намаливме трошоците во РЕК „Битола“. За комплетниот ремонт на блоковите планираме да инвестираме над 600 милиони денари или околу 10 милиони евра, рече Ковачевски.

More from ВестиMore posts in Вести »