Press "Enter" to skip to content

По 14. пат традиционална Ифтар вечера во Битола (фотогалерија)

На отворено, на паркингот пред спортската сала “Младост“ во Битола вечерва се одржа традиционалниот Ифтар, кој беше започнат со Молитвата кон Алах.

Како и секоја година и оваа, овој Ифтар беше во организација на општината Бајрам паша од Турција заедно со битолското муфтиство на чело со муфтијата Амит Расими, а сите присутни ги поздрави и претставник на таа општина.

Во името на општина Битола, присутните ги поздрави и градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, која го доби и традиционалниот подарок, симбол на ифтарската вечера од организаторот. Покрај Петровска на ифтарската вечера беше и претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски и координаторот на советничката група на СДСМ во Советот, Методија Илиевски.

На присутните им се обрати и битолскиот муфтија, Амит Расими, кој се заблагодари на сите кои помогнаа за одржување на овој Ифтар.

Оваа традиционална Ифтар вечера како и изминатите години беше директно пренесувана на телевизијата во Турција, од каде беше дојдена целата телевизиска екипа за реализација на преносот.

Присутните имаа прилика и да уживаат и во турска музика и турски танци кои ги изведоа познати музичари од Турција.

Инаку, Ифтар се нарекува бидејќи само постачот може да го осети она чувство на убавина како се поставува софрата на Ифтар. Цел ден си постел, а вечерта се става софра на Ифтар.

Ифтар конвојот вечерва продолжува за Албанија.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »