Ентузијазам, креативност, уметност, љубов и грижа за живиот свет, како и многу други инвентивни, практични, забавни и едукативни активности, денес беа презентирани на Плоштадот Магнолија, со цел претставување на битолските средни училишта пред идните средношколци. Учениците низ карактеристична и специфична презентација на стекнатите знаења, умеења и вештини, се обидоа на најдобар начин да го отсликаат бенефитот кој произлегува од институцијата која ја претставуваат. Ваквата силна енергија на средношколците безрезервно беше поддржана од нивните професори и директори, а Општина Битола, препознавајќи ја оваа уникатна идеја комплетно ја поддржа целата организација на денешниот Саем на средни училишта:

-Денес на нашиот Плоштад Магнолија, имаме саем на којшто се претставуваат сите средни училишта во Општина Битола. Ценевме дека на еден ваков убав ден, во форма на хепенинг, всушност можат сите училишта да ги претстават своите можности, каде би можеле нашите идни средношколци, сегашни деветтооделенци да го продолжат своето образование. Интересот на Општина Битола, јасно е насочен кон тоа, да нема концентрација на ученици само во едно училиште, не само затоа што мислиме пред се, на тоа да бидат згрижени наставниците, туку напротив мислиме пред се на тоа, Општина Битола да има кадар од различни профили, а како последица на тоа, секако дека ќе дојде соодветно згрижување на наставниот кадар и цениме дека токму ваквиот пристап и ваквото промовирање на нештата, во таков дух треба да продолжат и во иднина. Сакам да најавам, дека во иднина моите намери се малку и поинаку, училиштата во соработка со општината, преку медиумите да можат да ги презентираат своите можности, односно своите капацитети, за да учениците имаат појасна слика, за тоа што нудат битолските средни училишта, изјави градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, која го посети денешниот саем на училишта.

Претставување на битолските средни училишта пред идните средношколци (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер го победи МЗТ сред Аеродром, го симна од првото место и закажа полуфинале со нив
- Во Битола се одржа Економски форум посветен на развојот на извозот (фотогалерија)
- Прес-конференција на градоначалникот Коњановски: од транформаторот до булеварскиот влез
- Отворена изложба на вредната уметничка колекција во Ректоратот на УКЛО Битола (фотогалерија)
- Полскиот амбасадор во прва официјална посета на Битола





