Press "Enter" to skip to content

Денес беа одбележани 17 години од загинувањето на бранителите Влатко, Благојче и Пеце

Денес, се навршуваат 17 години од загинувањето на македонските бранители Влатко Миленковски и Благојче Силјановски и Пеце Матичевски од општина Новаци, а во нивна чест, градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, заедно со повеќе делегации положија свежо цвеќе пред споменикот „Анѓел“ во паркот кај Саат кулата и кај споменикот подигнат на просторот во поранешната касарна.

-17 години од згаснувањето на три млади животи за оваа наша земја, за ова во кое ние денес живееме. Денес сме овде не само да им оддадеме помен, туку и да се потсетиме дека никогаш, никогаш не смееме да заборавиме на нивните семејства, на нивните потомци…Меѓутоа и како политичари мора да бидеме одговорни, да водиме политики којшто никогаш повеќе нема да ја доведат Република Македонија во таква ситуација. Тоа е наша должност и тоа мора да го направиме“, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Битолчаните Влатко Миленковски и Благојче Силјановски и Пеце Матичевски од општина Новаци, се тројцата воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот Корпус, кои во двојна заседа загинаа на 5 јуни 2001 година, во близина на селото Гајре, на раскрсницата од патот за Шипковица, во долината на реката Пена.

Во нивна чест, беше организиран и Меморијален турнир во мал фудбал, насловен: „Влатко, Благојче и Пеце 2001“.

More from ВестиMore posts in Вести »