Press "Enter" to skip to content

Јана Михајловска нов претседател на македонските библиотекари (фото)

На 45 –то годишно собрание на Библиотекарското здружение на Македонија што деновиве се одржа во НУУБ „Климент Охридски“ во Битола за нов претседател беше избрана д-р Јана Михајловска – Иванов.

Д-р Михајловска им се заблагодари за укажаната доверба на присутните македонски библиотекари и нагласи дека двегодишниот мандат како претседател на БЗМ ќе го извршува во соработка со своите колеги.

Битолската “водство“ на БЗМ го продолжува Михајловска, со оглед на тоа што нејзината семејна традиција е тесно поврзана со библиотекарството бидејќи нејзиниот татко познатиот македонски писател и преведувач на Шекспир е битолчанецот, Драги Михајловски кој работеше како библиотекар на Катедрата за англиски јазик при УКИМ – Скопје.

Собранието на македонските библиотекари избра и нови тела на Зружението, како Извршен и Надѕорен одбор и Комисии за доделување награда за “Библиотека на годината“ и награда за животно дело „Климентова повелба“.

Инаку годинава ова престижно признание – „Климентова награда“ и припадна на Блага Спиридонова – виш библиотекар од НУУБ „Гоце Делчев“ од Штип.

Покрај Годишното собрание беше организирана и дводневна научна конференција на која со свои стручни трудови се претставија триесетина автори од областа на библиотекарството, поточно за библиотеките во современото дигитално доба, комуникациските релации и мултимедијалноста во библиотеките.

Инаку, во изминатите 6 години, македонските библиотекари ги предводеше Благој Николов, библиотекар советник од НУУБ „Климент Охридски“ од Битола.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »