Press "Enter" to skip to content

Битолчанецот, гинекологот Гоце Чакаровски именуван за национален координатор за здравство

На последната седница на Владата гинекологот Гоце Чакаровски за национален координатор за здравство, ова значи нова висока функција за него откако претходно беше тргнат од позицијата заменик министер за здравство во рамки на владината реконструкција.

Чакаровски доаѓа од Битола, каде претходно работел како шеф на родилната сала во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“. Во својата кариера тој бил и претседател на Лекарската комора на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“, како и заменик претседател на лекарското здружение на медицински центар–Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »