Press "Enter" to skip to content

Соопштение од Клиничка болница: од понеделник болните од канцер ќе ја имаат ампуларната терапија

Во врска со настаната состојба од недостиг на ампуларната терапија за болните од канцер, менаџерскиот тим на Клиничка болница од Битола до пациентите до испрати селдното соопштение во кое се вели:

-Последниот тендер беше направен во време на претходниот менаџерски тим кој испланирал 360 ампули, што само во првите шест месеци од годинава се потрошени, очигледно е дека се работи за грешна проценка од нивна страна. Новиот менаџерски тим на чело со д-р Зоран Лазаров, го согледа проблемот и почна да бара решение.

Пациентите краток период сами си купуваа терапија и ја примаа, а Фондот му ги рефундираше средствата, но од понеделник ќе ја добиваат без проблем ампуларната терапија.

Што се однесува пак до денешната прес-конференција не знаеме зошто е свикана бидејќи претставикот на на здруженито беше пред извесен период на разговор со директорот Лазаров и беше прифатено вака да се одвиваат работите до решавање на проблемот, а денес претставникот одби да дојде на разговор во Клиничката болница и преку него да ги известиме пациентите болни од канцер дека менаџерскиот тим на Клиничка болница направи напори, а министерството за здравство излезе во пресрет и пациентите од понеделник ќе ја имаат својата терапија.

Менаџерскиот тим на Клиничка болница ги информира сите пациенти дека за било каков проблем да се обратат до нас и заедно да најдеме најдобро решение бидејќи од страна на Министерството за здравство и ние како менаџерски тим има волја во интерес на пациентите да се решат сите проблеми.

More from ВестиMore posts in Вести »