Подготвил: Жанета Ристевска, психолог

Еве некои совети кои ќе му помогнат на родителите во некои дилеми при воспитувањето на свопето дете и предизвиците да се биде родител.
1. Потрудете се да сфатите што ви зборува вашето дете
Правило бр. 1 во родителствоto е дека децата ги изразуваат своите мисли, чувства и потреби низ однесувањето. Ако детето прави нешто што вие сте му забраниле тогаш морате да го набљудувате однесувањето и што го предизвикува таквото однесување. Дури тогаш можете да го разаберете детето и nеговата точка на гледање на работите.
2. Дефинирајте го проблемот на детето и чувствата за него
Koгa ќе го сфатите однесувањето на детето, покажете му и со зборови изразете ги неговите чувства и желби. Така да дадете му на значење на чувствата на детето за да ги разбере и при тоа покажувајте емпатија (соживување и разбирање на неговите чувства).
3. Не се потресувајте околу плачење и солзи
Плачењето е начин на на кој децата се ослободуваат од стресот. Затоа и децата подобро се чувствуваат кога добро се исплачат. Наместо детето да го молите да престане да плаче би требало да му кажете дека е во ред да се плаче и дека ќе се чувствува многу подобро многу брзо.
4. Не се обидувајте да бидете „супермама“
Д-р Доналд Виникот, англиски педијатар и психоаналитичар е креатор на изразот „доволно добра мајка“- тоа е цел која кој што се препорачува да се усвои од страна на мајките. Причина е што е неможно да се постигне перфекција во родителтвото и ако си поставите такви нереални цели сигурно ќе се разочарате и во себе и во своето дете. Тоа е процес на учење во кои на сите им е дозволено да погрешат, и вам и на детето. Заборавете затоа на своите нереални очекувања и престанете да се споредувате со други мајки бидејќи и тие не се така „совршени“ како што мислите.
5. Прифатете чувстсво на вина
При тоа имајте на ум дека мајчинството не е спринт туку е маратон. Ако понекогаш одберете да одите на вежбање наместо на час цртање со детето. Чувството на кривица е нормален дел на нашето родителство.
6. Вашата среќа е важна
Среќна мајка значи и среќно дете. Важно е да водите грижа за себе и да правите работи кои ве прават среќна надвор од улогата на мајка. Можеби сметате дека сте супер мајка ако ги ставате своите потреби на последно место и со тоа вие сте незадоволни и заради тоа сите патат.
7. Признајте кога не сте во право
Кога ќе направите нешто заради што жалите (на пример го подигнувате гласот и сте викале, сте кажале лошо нешто во бес, го удрите детето силно или сл.) Прво смирете се, а потоа поправете ја ситуацијата со детето со разговор. Ако очекувате тоа да ви се извини на вас кога греши и вие мора да му се извините и така ќе му бидете добар пример за понатаму.
8. Пофалете го детето кога се труди
И ако детето направи грешки на пример послаба оцена или губење на натпревар во фудбал и сл. тоа заслужува пофалба за трудот. Ставете му на детето до знаење дека понекогаш се победува, а понекогаш се губи, но вие сте горди на него заради тоа што учествувало, вложило напор, труд но понекогаш и се забавувало.
8. Пуштете го детето да има своја личност
Наместо да се обидувате да му наметнувате какво треба да биде, откривајте ја неговата личност. Нормално е дека своето дете го набљудувате како дел од себе, но дајте му простор да биде она што е неговата личност и структура на личност-со која се раѓаме, дури и ако тоа не е како што би саклале да биде (на пр. ако е срамежлива личност не се обидувајте да го направите сосем спротивно. Но да се обидува да го надминува таквото пр. срамежливо однеесување да не му претставува тешкотија аво некои ситуации).
9. Дајте му контрола
Децата сакаат да почуствуваат дека има контрола. Тоа може да се искористи како добро за сите. На пр. Ако детето помагало околу купување за планираниот ручек, побрзо ќе го јаде она што се припремило бидејќи имало некаква улога во тоа. Ако само бирало боја и форма на четка за заби, веројатно поредовно ќе ги мие забите и сл. Колку контрола ќе му дадеме на детето се одредува спрема возраста.
10. Учете го детето да го контролира стресот и фрустрацијата
Немојте да се поставувате премногу заштитнички кон детето, нека се учи од мало да се бори со фрустрација. Колку и да звучело сурово таа е дел на секојдневието. Дури така ќе изгради толеранција на стрес. На пр. Кога детето прави кула од коцки и се ќе се сруши, а тоа почнува да се нервира и плаче, прво треба да му се објасни и да разберете колку е тоа страшно, дајте му време да се исплачи малку а потоа покажете му дека може да направи уште повисока кула.
11. Сфатете го сонот озбилно
Сонот е најважен и круцијален за развој на детето, конценртрацијата, физичкиот раст, намалува хормоните на стрес и т.н. Забележано е дека бебињата на 4 и 8 месеци кои не спијат добро, потешко држат внимание или се помалку упорни кога ги ангажирате со некоја активност. Во тој период децата треба да преспиваат најмалку два пати дневно, вкупно од два до четири часа, а ноќе треба да спијат 10 – 12 часа. Треба да се знае дека и оние од 1 година би требало да спијат помеѓу 14 и 15 часа дневно, двегодишници помеѓу 13 и 14 часа дневно и тригодишници помеѓу 12 и 14 сати дневно.
12. Не се обидувајте да го излажете своето дете.
Многу мајки мислат дека е во ред да му кажете на детето да одете да гледате некој филм, а всушност го носите на заболекар. Важно е детето уште од мали нозе да стекнат доверба и да ви верува. При тоа и да биде емотивно подготвено за она што го чека.
13. Бидете конзистентни
Конзистентност и постоење на распоред им дава на децата чувство на сигурност. Тие мораат да чувствуваат дека светот е предвидлив и заради тоа конзистентноста му е потребна. Тоа не значи дека ручекот мора секогаш да биде во 13 часот или да не може да дојде на посета некој ненајавен. Тука целта е да се држиме до целокупниот распоред во повеќето случаи. На пример детето знае дека после ручекот секогаш има околу пола сат пауза пред учење. Значи учење на добра структура на времето уште од мали нозе ќе помогне околу организираљњето на времето кога веќе оди на училиште заради сите понатамошни обврски.
Конзистентноста е важна и при дисциплината. Децата сакаат да знаат дека стварно го мислите она што го кажувате и дека правилата остануваат исти. Едноставно, за децата светот е голем и се е ново. За да се намали нивниот стрес и за се чувствуваат добро децата мораат да имаат параметри кои се непроменливи. Во спротивно, децата ќе бидат збунети, како да им се поместува тлото под нозете.
14. Бирајте за што ќе се борите
Многу е важно да ги бирате своите битки и заради вас и заради децата. Дали е вистински толку важно дали детето ја облекло истата мааица два дена по ред ако неа ништо не и фали? Во слични ситуации ставете ја среќата на своето дете на прво место. Ако тоа значи дека тоа слободно ќе игра, немојте да му го расипувате денот. Одлучете што е од круцијално значење.
15. Верувајте му на своето дете
Тука е значајно да имате основна доза на доверба во своето дете. Некои работи дури и дете со 6 години може да ги направи или за нив да одлучи. На пр. Знае со која играчка сака да си игра и тоа треба да му го дозволите. Дадете му на детето прилика малку и самостојно да истражува.
16. Со партнерот се карате зад затворени (звучно изолоирани врати)
Сите партнери имаат свои несогласувања кои можат и треба понекогаш да се решаваат пред детето за да знаат и учат како се решаваат конфликти. Но, доколку расправијата прерасне во нешто поозбилно, немојте тоа да биде пред децата. Дерење, викање, грди зборови и цела негативна енергија која доаѓа со тоа можа да има лошо влијание на чувството на сигурност. Контролирајте се и чувајте ги расправиите за во спална соба, но исто така со понизок тон.
17. Опуштете се! Не е се проблем
Ова може да го потврди и било кој родител на две или повеќе деца. Не постои прав начин нешто да се направи, нема исто решение за се. Но, сигурно е дека и големи проблеми стануваат мали проблеми и одлуките со време стануваат безначајни. Вдишете длабоко и продолжете понатаму.
18. Предупредете го детето
Подгответе го детето за она што го очекува за да нема недоумица. На пример можете да кажете: „ Денес одиме во парк. Ако сакаш да понесеш топка, сети се дека треба да ја делиш со другите деца. Можеме да одиме на тобоган, но мораме и да чекаме во ред и да ги пуштаме тие што се пред нас“. На тој начин ќе ги избегните изненадувањата за детето, кои можат да доведат до проблеми.
Пружете му на детето многу прегратки, гушкање и бакнежи!!!






