На северната хемисфера на планетата земја и кај нас во Македонија, денеска почнува летото, а истовремено на јужната хемисфера настапува зимата.
Во Македонија летото ќе почне во 12 часот и 7 минути.
Овој 172 ден во годината е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути.
Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути.
Иако денес започнува летото, сепак кај нас нема да биде сосема летен ден, бидејќи времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, како и беше во изминатите денови.
Летото ќе заврши на 22 септември кога ќе почне есента.






