Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Во време на дождови во јуни, во Битола “отворена сезоната“ за капење

Овој јуни Битолчани ќе го помнат по секојдневните дождови со невреме. Тие ги раззеленија дрвата и воздухот е свеж и чист, но како и по секој летен дожд доаѓа јунското сонце кое како да е уште поврело и пожешко.

Сонцето во јуни е највисоко на небо со летната рамнодневица на 21 јуни или солстициј кога денот е најдолг.

Во таквите моменти на сонце и шадрванот кај Саато се полни со капачи кои уживаат на врелото сонце и разладувањето.

Радост и уживање може да се доживее секаде и на секое место, не мора да се наоѓаме на фонтаната “Ди Треви“ во Рим, важно да се има храброст и желба за летни лудории, а овие двајца наши млади сограѓани секако ја имаат.

Се додека некој не ги избрка и не им ја прекине детската игра или не и застуди.

More from БитолаMore posts in Битола »