Ски клуб Пелистер до битолската и спортската кавнопст упати соопштение со кое сака да ги информира званичните авторитети и пошироката јавност за реалната состојба на Планинарскиот дом Копанки кој е во рамките на Ски Центарот КОПАНКИ.
Соопшенито е испратено во Владата на Република Македонија, Општина Битола и пошироката јавност.
Во сооппшението кое го објавуваме во целост се вели:

Иницијативите за обнова на Планинарскиот дом Копанки од страна на Градоначалничката на Општина Битола, М-р Наташа Петровска, ПСК Пелистер и други помагатели и подржувачи ги поздравуваме и би сакале да се приклучиме кон истите.
Токму заради тоа сакаме да изнесеме информации кој би можеле да допринесат во целиот процес и да поставиме неколку прашања до надлежните Институции.
СК Пелистер не седи настрана од целиот процес што се случува околу Планинарскиот дом Копанки како дел од Ски Центарот КОПАНКИ. Поднесено е барање до Општина Битола со иницијатива за разгледување на состојбите во Ски Центарот КОПАНКИ. Бараме отворање на сите постапки како е стекнато правото на сопственост за Планинарскиот дом Копанки како и за останатите постапки за легализација на дополнителните објекти во Ски Центарот КОПАНКИ (скијачка куќа, жичара, ски лифт и останати придружни објекти).
Јавно покренуваме иницијативи за поширока инволвираност на сите релевантни фактори како би можеле да добиеме вистинска слика за хронологијата на настаните, кога е започната изградбата на Планинарскиот дом Копанки и останатите инфрастриктурни објекти како што се скијачката куќа, жичарата и ски лифтот. Кој се учествувал во изградбата на сите објекти? Да напоменеме на почетоците на формирање на Планинарско-смучарско друштво Пелистер во некогашното Кралство СХС, самоиницијаивни работни акции во СФРЈ, финасиски помагатели СР Македонија, Општина Битола, развојни фондови од поранешен СИЗ за детска заштита и самопридонес на граѓаните на Општина Битола.
За таа цел, потребно е:
1. Да се испитаат сите трансфорамации на Здружението на граѓани: како е извршена трансформација од Планинарско-смучарско друштво Пелистер во Планинарски Спортски Клуб Пелистер Битола и кој го изоставил скијачкиот клуб од целината Ски Центар КОПАНКИ.
2. Да се обезбеди хронологија за историски преглед на извршените запишувања во Катастар на недвижнини, како и кој извршил промена од право на користење во право на сопственост на објекти кои се дел од Ски Центарот КОПАНКИ, (прв историски запис, 1932 год, последен запис 2013 год.).
Според податоците и документите со кој располага Ски клубот Пелистер, имаме подеднакво право на користење на инфраструктурните објектите во рамки на Ски Центарот КОПАНКИ како и Планинарското друштво Пелистер сѐ до моментот на легализација и приватизација кога намерно или од небрежност Ски Клубот Пелистер е изоставен.
Бараме да се анализираат сите согласности од Општина Битола и поранешниот Извршен совет на Општина Битола, а сѐ во функција да се види правата слика за состојбите за развојот на Ски Центарот КОПАНКИ.
Ги повикуваме сите релевантни и надлежни Институции, секоја во своите рамки на својата надлежност како и активно вклучување на сите инволвирани лица: бивши претседатели на Планинарско-скијачкото друштво Пелистер, некогашни Претседатели на Извршни совети на Општина Битола, бивши Градоначалници, бивши Директори на јавни установи : Детско одмаралиште Пелистер, Стрежево, Нискоградба, ЕЛЕМ) и други сведоци, за расветлување на случајот како би се створиле услови за обнова на домот Копанки.
Претседател СК Пелистер, Наум Симјановски






