Press "Enter" to skip to content

Денот на државноста на Хрватска, одбележан и во Битола (фотогалерија)

Со низа активности викендов беше одбележан Денот на државноста на Република Хрватска и во Битола, кој ги организираше хрватскиот културен центар “Бранко Марулиќ“, на кој присутвуваше и амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ, претставник на агенцијата за дијапсора на хрватска Бранка Бежиќ Филиповиќ, градоначалниците на општините Ресен и Новаци, градоначалникот на хрватската општина Дуги Рат, и други гости.

Во име на домаќинот, хрватскиот културен центар “Бранко Марулиќ“, на гостите им се обрати координаторот на центарот Бранко Маретиќ, а потоа и амбасадорката Данијела Баришиќ, која им го честита Денот на државноста на сите Хрвати во Македонија.

По повод Денот на државноста на Република Хрватска, беше организирана и културно уметничка програма во која настапија мешовитата клапа “Електропривреда Далмација“ од Сплит, а беше поставена и изложба на Карен Гренц која имаше и видео презентација.

На одблежување на Денот на државноста присуствуваа и претставници на хрватската полиција кои се на служба во Битола, со составот на европските сили за граничната полиција.

Одбележувањето на Денот и култуните случуваа беа во салата за изложби на Заводот и музеј во Битола, а ден порано Денот на државноста се одржа во Скопје во организација на Амбасадата на Република Хрватска.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »