Press "Enter" to skip to content

По обилните врнежи зголемено нивото на реката Драгор (фото)

Регионот е зафатен со врнежливо време кое, како велат, метеоролозите е последица на циклонот “Силвија“, а веќе неколку дена и Битола е погодена од врнежи со осетно намалени температури, кои се далеку под просечните за ова време на годината.

Утрово направивме неколку фотографии како изгледа битолската река Драгор по обилните врнежи и како е нивото на водата во долниот дел на градот, кај Јени Маале, кај железничкиот мост…