Press "Enter" to skip to content

МКЦ организира неформално дружење – “Битола отворен град“ во винарија “Чифлик“ (фото)

Младинскиот културен центар од Битола, кој е организатор на меѓународниот арт-фестивал “Битола отворен град“ синоќа во винаријата “Чифлик“ организира неформално дружење на сите кои се вклучени во организацијата на фестивалот, учесниците, оние кои го помогнаа фестивалот и пријателите и волонтерите на “Битола отворен град“.

Првиот човек на Младинскиот култутен центар, Сашо Додовски заедно со неговата екипа беа одлични домаќини на оваа, како рекоа, неформална вечер, која беше искористена покрај за дружење и за разменување на нови идеи, идното издание на “Битола отворен град“ да биде на повисоко ниво.

Гостите во ресторанот, бизнисмени, политичари, уметници, новинари, културни работници, јавни личности во винаријата “Чифлик“ ги забавуваше битолската музичка група “Фолтин“.

More from БитолаMore posts in Битола »