Press "Enter" to skip to content

Битолчани за Петровден во црквата кај Буковските гробишта посветена на светите апостоли (фото)

Иако црквата која се наоѓа кај Буковските гробишта во Битола не го носи името на светецот Петар, се вика “Собор на светите апостоли“, сепак битолчани традиционално на големиот црковен празник Птеровден ја посетуваат, а така беше и утрови кога ја посетивме.

-Црквата е посветена на сите апостоли, но ние битолчани ја знаеме како “Св. Петар и Павле“, а ретко кој ставил “дикат“ на тоа што пишува над влезот во црквата. Тука претходно имаше служба само на Павловден, а сега има и денес на Петровден. Затоа денес нема голем број на верници, а многу ќе има утре.

Но, битолчани кои имаат куќна слава денес и слават именден утринава беа во црквата и кренаа лепче за здравје, а сите верници кои беа денес во црквата беа послужени со нафора, а оние кои ги поминаа во пост петровденските пости се причестија.

Богослужба во црквата “Собор на светите апостоли“ ќе има вечерва и утре изутрина.

Инаку, како ни рекоа верницитите во големата црква посветена на сите светци, која е во изградба во подрумот веќе се гради црква посветена на Свети Петар.

Параклис кој е убаво уреден постевен на двата апостоли Петар и Павле се наоѓа на влезот на Зоолошката градина во Битола.

More from БитолаMore posts in Битола »