Копаничарско ателје “Пердика“ од Битола, по повод 25 години постоење синоќа во Магазата свечено отвори изложба на која беа претставени само мал дел од нивните рачни изработени уметнички дела.

Основачот на “Пердика“, Гоце Младен Крстевски на отворањето на изложбата рече:

-Уметничкото ателје и академија “Пердика“ е единствено во Македонија кое кое професионално се занимава со изработка на ентериер и екстериер од масовно дрво. “Пердика“ во изминатите 25 години израсна во семејството Крстевски, а за сите успеси секако се заслужни и Марија, Митко, Филип и сите во семејството. За 25 години, или четврт век творештво, во ателјето се изработени голем број на дела од минијатури до монументални иконостаси во Македонските храмови во земјата и светот. Уметнички дела има насекаде низ светот, кај колекционерите, политичарите, вљубениците во резбата… Исто така голем дел од 25 години работа се посветени на реставрација на иконостаси кои датираат од постара доба.

“Пердика“ има зад себе и голем број на остварени изложби, колонии, издадена е книгата “Душата на дрвото“, добиени се голем број награди, а Гоце е основач на ЗКМАК, а подоцна и на ЗЗ “Ерминија“.

Ателјето “Пердика“ до сега има изработено голем број иконостаси во Македонија во храмовите “Св. Никола“ – Крушево, “Св. Георги“ – Кнежевски манастир, “Св. Петар и Павле“ – Кичево, “Св. 40 маченици“ – Битола, “Св. Петка“ – село Цапари, “Св. Петар“ – Смилевски манастир, “Св. Варвара“ – Добреноец.

Во странство “Пердика“ има свој печат ставено во црквата “Св. Димитрија“ – Волонгог, Австралија.

С.Р.


Изложба на копаничарско ателје “Пердика“, а повод нивното 25 годишно постоење (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: започна изградбата на пругата Битола – Меџитлија, сега изградена, за жал не е во функција (фото)





