Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Убавиот заштитен знак на кафулето “Папаз“ и дел од градската историја заврши на губриште

Голем број на помлади битолчани до пред една година редовно го посетуваа кафулето “Папаз“ на Широк Сокак, каде поминуваа голем дел од своето слободно време наменето за дружење.

Но, откако пред една година кафулето се затвори не се најде бизнисмен тоа повторно да проработи, а битолчани кои поминуваат по Широк Сокак и кафулето нешто и сега им значи, само поминуваат и се сеќаваат на времето поминато таму.
Сите кои имаа прилика да бидат таму во “Папаз“, секако го имаа забележано големиот неколку метарски заштитен знак на кафулето изработен од разни видови на кафе во десетина бои.

Но, за жал тој знак, кој на отворањето на кафулето можеби вредел мало богатство, сега заврши на паркингот пред Центарот за култура, чекајќи да поминаат комуналците и да го соберат.

Сигурни сме дека заштитниот знак на “Папаз“ не мораше за заврши така, некој сигурно ќе го “вдомеше“ на некој ѕид и ќе останеше немо да зборува за некое не така одамно минато време.

Но, за жал некои работи во ова време само така исчезнуваат од градот и со тоа и дел поновата битолската урбана градска историја, а за подалечната и да не зборуваме.

С.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »