Премиерот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев беше во Битола, на прославата која ја организираше Владата на Република Македонија, под мотото “Македонија во НАТО и ЕУ-одиме напред“, во 15 градови ширум државата и од Битола испрати порака за обединување околу остварувањето на стратешките цели на РМ.

Вееднаш по доаѓањето во Битола, некаде во 21 часот, пред хотелот “Епинал“ беше пречекан од страна на градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петробвска, пратениците Александар Кирацовски, Горан Милевски, претседателот на ОО на СДСМ во Битола, Методија Тасевски, директорот на РЕК “Битола“ Васко Ковачевски, градоначалниците на Новаци и Могила, други партиски функционери и вработени во локалната самоуправа.

Во изјавата за медиумите која ја даде премиеот Заев веднаш по доаѓањето во врска со прославата рече:

-Да го испратиме во историјата и да го заборавиме еднаш засекогаш синдромот да го порекнуваме успехот на другиот. Ова е успех на сите нас без разлика на политичката определба. Општо народната прослава, по повод поканата за членство во НАТО, вечерва се одржува и во Битола. Ги повикувам сите граѓани да си подадат рака, денес силите што не делат не се толку силни како силите што не обединуваат, а тоа се датумот за преговори со ЕУ и поканата од НАТО. Ќе ја повикувам опозицијата од сега понатаму, секој ден, ајде да ја избереме македонската иднина, ајде да престанеме со сеење омраза, да се издигнеме над делбите.

Потоа премиерот имаше кратка средба со домаќините во хотелот “Епинал“, а потоа пешки, заедно со нив и со неговата сопруга Зорица Заева, од плоштадот “Магнолија“ пристигна до бината на плоштадот “Гоце Делчев“ каде беше прославата и ги проследи настапите на Дуке Бојаџиев, Дејан Декс, Фладер и Горан Кан.

Премиерот Заев во Битола на прославата “Македонија во НАТО и ЕУ-одиме напред“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ДПД “Архангел“ од Битола на меѓународен против пожарен настан во Хрватска (фото)
- “Портал“ – култна приказна што трае 15 години, од кафуле до симбол на Битола (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Доделување на наградата “Гоце Димитровски“ и два концерти на третата вечер на 9. “Џез фактори фестивалот“ (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер остана без Куп финале, поразен од Охрид во полуфиналето





