Почитувани,
За сите оние заинтересирани, кои доаѓаат, прашуваат, се јавуваат, а во однос на Летната тераса “ШИРОК СОКАК“, би сакале да Ве информираме дека оваа летна сезона, терасата ќе работи по претходно испланирана програма и настани со најава, и тоа секој четврток, петок, сабота, недела, со звучни имиња и познати бендови.
Програмата ќе биде истакната он-лајн до крајот на оваа недела.
Благодариме за разбирањето, Ваш, хотел “Епинал“.






