Press "Enter" to skip to content

Ана Синицки испеа оперски арии за паметење пред битолската публика (фотогалерија)

Светски познатата оперска пеачка Ана Синицки, синоќа одржа концерт на кој исполни оперски арии, а за битолска публика која ја исполни салата за концерти во Заводот и музеј ја испеа и песната “Молитва“ од Виолета Томовска.
Мецосопранот, Ана Синицки, на клавир ја пратеше Мери Бојиќ Радојиќ од Србија.

Концертот во Битола, кој беше во рамките на “Бит Фест 2018“ беше исполнет со бројни оперски арии, филмски нумери, наполитански и шпански песни. Публика не го криеше своето воодушевување од прекрасниот настап и моќен глас на Ана Синицки.

Својата импресионираност ја изрази и градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, која честитајќи и на Синицки за извонредниот концерт, за нејзината моќност, грациозност, громогласност, величественост, истовремено и се заблагодари за оваа посебна вечер на “Бит Фест“.

Синицки ги изведе следните оперски арии:
-O Sole Mio (E. di Capua)
-Арија на Кармен ‘Habanera’ од операта Кармен (G. Bizet)
-Арија на Изабела ‘Cruda sorte! Amor tiranno!’ од операта L’Italiana in Algeri (G.Rossini)
-Арија на Полина ‘Podrugi milie’ од операта Pikovaya Dama (P.I.Tchaikovsky)
-Арија на Grabie ‘La Tarantula é un bicho mu malo’ од Zarzuela La Tempranica (G.Gimenez)
-Once upon a December од филмот Anastasia (S. Flaherty)
-Арија на Eliza ‘I could have danced all night’ од мјузиклот My Fair Lady (F.Loewe)
-My way (C. Francois/J. Revaux)

-Granada (A. Lara)
-Con te partirò/Time to say goodbye (F. Sartori)
-Арија на Hattie ‘Another openin’ another show’ од мјузиклот Kiss me Kate (C. Porter)
-Que sera, sera од филмот ‘The man who knew too much’ (J. Livingston)
-Oči čornie (F. Hermann)
-Torna a Surriento (E. de Curtis)
-Funiculi-Funiculà (L. Denza)
-Skaska (A. Sinicki).

Треба многу простор да за се испише големото си-ви на Ана Синицки, која ги завршила основните студии за пеење на Академијата на “Убави Уметности“ во Белград, во Јејл Универзитетот (САД) магистрирала, а потоа завршила на програмата “Артист Диплома“ како единствен уметник на овие простори кој ја добил оваа престижна стипендија.

Синисци имала настапи во во Сиена, Пјаченца, Милано во Италија, во Москва Черимуски, а настапувала со престижни оркестри како што се: Orchestra Sinfonica di Milano “Giuseppe Verdi”, “Yale Philharmonia” Orcherstra, Уметничкиот ансамбл на Министерството за одбрана на Србија “Stanislav Binički”, “Orchestra del Carmine”, “Младинската Фулхармонија Naissus” и др.

Исто така нејзини улоги се Кармен во истоимената опера, Трета Дама во „Волшебната флејта“, Черубина/Марселина во „Женидбата на Фигаро“, Дјамилех во истоимената опера, Анита во „La Navaraisse“ и убавата Дулчинеа во „Дон Кихот“, Корнелија во „Јулие Цезар“, Сузи во „La Rondine“, Филипиевна во „Евгенија Оњегин“, Купидон во „Орфеј во подземјето“ и Ана Петровна во операта „Петроград“.

Првиот албум го објавува во 2017 година под името „МI ALMA“ спој на класична и популарна музика која со големо задоволство го изведува, а исто така на овој албум се јавува како композитор, текстописец и продуцент на вокалот.
Од 2006 година соработува со истакнатаи музички состави и оркестри, настапувајќи во Њу Јорк и Конектикат. После тоа следат настапите во Италија и Русија, Македонија, Србија и на голем број рецитали во различни театри, манифестации и Амбасади низ цела Европа.

Покрај тоа што дипломира на оперско пеење, исто така заврши и студии за Менаџмент во уметноста, Банкарството и трговија.

More from КултураMore posts in Култура »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *