Press "Enter" to skip to content

16 нови детски ѕвездички блеснаа на 26. издание на фестивалот „ТРА ЛА ЛА“ во Битола (фотогалерија)

Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола успешно се одржа 26. издание на детскиот музички фестивал „ТРА ЛА ЛА“, кој и оваа година донесе многу музика, детски насмевки и незаборавни моменти.
Со преполни сали во Центарот за култура, прекрасна сценографија, впечатлива сценска реализација и одлична организација, фестивалот претстави 16 нови авторски песни и 16 нови детски музички ѕвездички.
На свечениот гала-концерт присуствуваше градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски.

Пред присутните се обратија директорот на фестивалот, Тони Алексовски, и градоначалникот, истакнувајќи ја важноста од поддршката на детското творештво, младите таленти и културните настани кои со години го збогатуваат културниот живот на Битола.
Посебно внимание привлекоа и наградите доделени на учесниците.Сите учесници добија медали и дипломи како признание за нивното учество, труд и музички талент.
Годинешното издание уште еднаш покажа дека „ТРА ЛА ЛА“ е многу повеќе од детски музички фестивал – тоа е платформа за откривање и афирмација на млади таленти, поттикнување на креативноста и создавање нови музички приказни.

Организаторите упатуваат искрена благодарност до сите учесници, родители, автори, кореографи, соработници, спонзори, институции и медиуми, како и до публиката која со своето присуство ги исполни салите на Центарот за култура.
16 нови песни, 16 нови ѕвездички, многу насмевки и една голема детска музичка приказна – „ТРА ЛА ЛА“ продолжува!

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »