Press "Enter" to skip to content

Само десетина верници синоќа во црквата “Св. Архангел Гаврил“ (фото)

Иако “од годините“ сме научени да гледаме изјадници верници од Битола и Битолски, вечерта спроти денот на Архангел Михаил, синоќа околу полноќ во истоимената црква во месноста “Довлеџик“ кога ние ја посетивме имаше само десетина верници, кои останаа верни на децениската традиција.

Во изминатите петнаесет-дваесет, колку се сеќаваа верниците кои ги затекнавме во црквата, никогаш немало толку малку народ, но невремето и силниот дожд го направија своето, за да има толку малку луѓе да можат да се избројат на прсти.

На овој ден имало народ уште од Педагошка, а полицијата мака мачела како да го регулира сообраќајот кој се пренасочуваше низ Брусничка населба, но сношти имаше само две возила, а од вообичаената гужна ни најмала трага.

Во дворот на црквата само пет-шест млади битолчани, а внатре во црквата само три-четири верници, како рекоа дојдени од странство, кои седеа на клупите и ги насладуваа очите гледајќи во прекрасните фрески на ѕидовите и иконите на иконостасот.

А, во малото црквиче каде е светата вода немаше никој, а наместо редот кој не само лани се чекаше за да се влезе внатре, годинава тоа го немаше, а внатре мир и спокој.

Но, верниците кои синоќа се помолија за здравје и простување на гревовите заминаа со оптимизам дека црквата на денешниот ден ќе биде посетена, како и порано.

Текст и фото: С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »