Традиционалното дефиле кое го најавува фестивалот “Илинденски денови“ започна точно во 18,30 часот од плоштадот “Магнолија“ каде беше и збирното место на најголем број на играорни групи, учесници на фестивалот.

Како и секоја година, така и оваа, дефилето го предводеа играорците на КУД “Илинден“ кој го носеа македонското знаме и сликата на идеологот на Организацијата Гоце Делчев.

По нив беа членовите на “Русалии“ од Секирник, чуварите на христијанството, кои секоја година први го започнуваат фестивалот со традиционалните русалиски игри.

По орото кое го заиграа играорците на КУД “Илинден“, а го продолжија сите играорни групи кои беа на “Магнолија“.

Дефилето како и секоја година го следеа голем број на битолчани, а тука беа и нашите сограѓани од дијаспората.

Фестивалот започнува во 20 часот на ракометното игралиште.

Од “Магнолија“ започна дефилето за “Илинденски денови“ (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Од стара куќа до нова приказна, кнуга бар “Пионерски“ една година
- “Силно светнал ден“ во Битола, платото пред Офицерски претесно за битолчани и нивните гости (мега фотогалерија)
- Мото собир во Битола во организација на МК Конзули, овој пат во градскиот парк (фотогалерија)
- СВР Битола: украинка со престој во Битола со “киа“ повреди пешак
- Фото вест: новинарот Димче Миновски го прослави 84 роденден





