Press "Enter" to skip to content

Традиционална битолска вечер во Скопје, отворена со “Чија си“ на Славе Димитров (фото+видео)

И оваа година во Скопје се одржа битолска вечер, која група битолчани кои живеат и работат во Скопје, а секако и “гости“ од Битола кои специјално дојдоа на дружбата, за која како ни рекоа е безвременска и незаборавна. На битолската вечер се дружеа успечни и етаблирани битолчани, угледни бизнисмени, универзитетски професори, лекари, адвокати, судии…

Се пееја само битолски песни, а почетокот како и секогаш другарувањето започнува со шлагерот на векот “Чија си“ од Славе димитров кој присуствуваше на дружбата, а секако не помине без химната на Битола, “Битола мој роден крај“ напишана од Ајри Демировски.

-Другарувањето на битолчани од Скопје и Битола помина во прекрасна атмосфера како што и доликува на битолчани. Секогаш распеани, весели во Скопје ги пенесуваме градските манири на битолчани. Не сме малку, но се надевам дека од година во година ќе има се поголем број, да се дружиме, да си споменуваме за некои минати времиња помината во Битола, кога биквално делевме се. Се ндевам дека ние повозрасните што ја започнавме оваа дружба, ќе продолжат и младите, а од нас само една молба да продолжат по битолски, ни рече Владимир Атанасов, пензиониран врховен судија од Битола. 

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »