Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: последни фотографии на старата трибина, соблекувалните и канцелариите под Тумбекафе (фотогалерија)

Во Битола во овој период на годината започна рушењето на старата трибина во градскиот стадион, кој во тоа време го викавме стадион под Тумбекафе, трибината, двете соблекувални – домашната и гостинската, како и канцелариите на клубот, на делегатот и судиите, и секако и бифето кое се наоѓање на вториот кат, а најгоре и ложата – ако може така да се нарече и просторот за новинарите, далеку од тоа да се нарече прес центар, започна со своите сеќавања за оред 10 години, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Тука во овие простории поминав голем дел од мојата младост и најголем дел од мојот работен век како спортски новинар. Сум бил и дел клубот, како дел од погашното претседателство, како претседател на принудна управа, како соработник на најголем дел на претседатели.Како вели Миновски работел со Петар Илиевски – Бембо, со Наум Бутлевски, со Трајче Масалковски, со Горан Невеновски, со Пупучот, но додава дека сепак најдобро под Тумбекафе се чувствувал како спортски новинар. -Како и сите битолчани го сакав спортот, бев дел од атлетиката, ракометот, но најубаво и беша на стадион кога ги правев директните преноси кога играше Пелистер дома, под Тумбекафе. Имаше многу емоции, а ги имаше кај сите присутни на стадион, победи, порази, испаѓања, влегувања во повисок ранг, инциденти, радост, тага, нови и стари управи, штрајкови… Мислам дека сите кои ќе го читаат овој текст и ги гледаат последните фотографии на старата трибина тоа ќи погоди, како и мене, вели Миновски.За последните денови на старата трибина Миновски вели:-Во тоа време ги работев последните директни преноси за македонско радио имав некои телевизиски аражмани, заедно со мојот колега, новинар и фоторепортер Сашо Ристевски. Тој ме повика и ми кажа дека се руши трибината и двајцата дојдовме на стадион, а таку како вистински домаќини кои ги прибираат работите на клубот беа Жиката и Пашето, кои и спасија некои работи. Тешко ни беше да гледаме дека се руши еден голем симбол на Битола, старата трибина, но имавме и радост дека ќе се “роди“ нешто ново. А, се “роди и порасна“ сегашната нова трибина, преубава во секој поглед.Се надевам дека со последните фотографии од трибината, соблекувалната, канцелариите, влезот… ќе се вратат спомените кај многу поранешни фудбалери кои се уште го чуствуваат влажниот мирис на соблекувалните, ќе се присетат на радост, тага, смеа, мајтапи, па и кавги… и се речат: е какви убави времиња беа тогаш…

Фотографии на Сашо Ристевски

Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1790169126155239&set=pcb.1790170929488392

More from БитолаMore posts in Битола »