Press "Enter" to skip to content

Министерката Царовска и градоначалничката Петровска ја промовираа кампањата “На секое дете му треба семејство“ (фотогалерија)

Денес попладне, во малата сала на Центарот за култура, беше промовирана кампањата “На секое дете му треба семејство“ како продолжение на идејата за што помалку деца да има во институциите и што повеќе семејства да згрижат дете.

Пред голем број битолчани, меѓу кои имаше социјални работници, учители, деца кои изведоа уметничка програма, политичари… министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска рече:

-Очекувам во Битола да се зголеми бројот на згрижувачки семејства затоа што во овој момент во овој град ги има само четири. Сакаме секое семејство во Македонија и во Битола, па и секој поединец кој што има љубов за давање, да згрижи дете пред тоа да влезе во институција без разлика дали тоа дете е со типичен или атипичен развој, бидејќи секое дете има потенцијал во себе.

Градоначалникот на Битола, м-р Наташа Петровска на промоцијата на кампањата рече:

-Кампањата е во функција на идејата дека на секое дете му треба семејство, а локалната самоуправа ќе донесе одлуки со кои ќе им се овозможи на згрижувачките семејства да имаат услови со кои ќе може да одговорат на предизвикот со вистинска љубов, грижа и посветеност.

За иницијативата во домот за деца во Битола да нема деца до три годишна возраст министерката Царовска рече:

-Домот во Битола ќе го трансформираме, затоа што сакаме до 2020 година да нема ниту едно дете на возраст до 3 години во институција, а во Битола се токму на таа возраст, но ниту еден вработен во таа институција по нејзината трансформација нема да остане без работа.

More from БитолаMore posts in Битола »