На последниот ден од 48-мото издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови, во посета на градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска беа претставници од интернационалните фолклорни групи кои се годинешни учесници, предводени од директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илиевски и стручното лице задолжено за фестивалот, Валентин Соклевски.

Во кабинетот на Петровска владееше вистинска шареноликост од носии на претставниците од играорните групи од Јапонија, Северен Кипар, Шпанија, САД, Полска и Македонија. Гостите ја изразија воодушевеноста од градот, особено од гостопримството на домаќините и на битолската публика која го следи фестивалот во голем број. Градоначалничката Петровска ги запозна со главните карактеристики на градот, а потоа заеднички разменија подароци.

По средбата со играорците, Петровска се сретна и со македонската музичка дива Виолета Томовска. Томовска, како битолчанка, изрази задоволство што во живо, на голем концерт ќе има повторна средба со битолчани.

Градоначалничката Петровска ги поздрави заложбите на Томовска за промоција на македонската музика, негувањето на фолклорот и традицијата и афирмацијата на Битола.

Играорците и организаторите на “Илинденски денови“ и Виолета Томовски на гости кај градоначалничката (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





