Press "Enter" to skip to content

Најубавиот парк во центарот, кај зградите во Стара болница го доби својот урбан графит (фотo)

Жителите во зградите во комплексот згради кај Стара болница го имаат најубавиот парк кој го има една колективна станбена зграда во центарот на Битола, а паркот затскиен од погледите на мунувачите е нивна сопствена зелена оаза. По подолг период на удерување на зелената површина тие можат да се пофалат дека успеале во намерата да создадат пријатно катче на радост на сите, а секако најповеќе на најмалите.

Станарите во зградата постојано го уредуваат и разубавуваат паркот кој сега е оргаден со “жива ограда“, тревата е наводнувана и секогаш уредно искосена.

Најнова активност која се работи денови во паркот е цртањето на модерни урбани графити на трафостаницата која се наоѓа во паркот. Таа како велат жителите, кои ги затекнавме таму вчера попладне, таа не се вклопувала во амбиентот па затоа се одлучиле да ја исцртаат со графити.

Самата изработка на графитите најповеќе ги привлече најмалите жители на зградата, кои иако времето беше малку врнежливо останаа додека се црташе графитот и им “помагаа“ со совети на лицата кои го изработуваа.
Како и претходните активности околу уредување на паркот пред зградата финансираат жителите, а овој пат финансиски им помогнаа и сопствениците на кафулето “Јагода“.

С.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »