Press "Enter" to skip to content

Каролина со концерт во за неа најубавото место за тоа – Хераклеја (фотогалерија)

Ако некој имаше и најмалку дилема дали битолската поп-звезда, Каролина, ќе ја наполни со публика Хераклеја, на третиот по ред концерт во Битола за брзо време, тоа синоќа се разувери.

“Седиштата“ во античкиот театар се пополнија со битолчани кои сакаат да уживаат во гласот на своето, битолско чупе, а како рече еден нејзин обожавател, и утре да има уште еден концерт тука пак ќе има толку публика, бидејќи е грев Каролина да пее во Битола, а да не слуша и гледа.

Поп-ѕвездата Каролина Гочева по три години, повторно одржа концерт летово, на нејзиното омилено место, кој го закажаа со “Авалон продукција“, во Хераклеа.

Каролина по првата песна која испеа од сцената, побара да се запалат светлата во публиката, бидејќи како таа рече, сака да ги гледа своите битолчани, кои дојдоа со неа да го испеат концертот.

Каролина ги пееше познатите поп-хитови, а и публиката со неа, па така оние 2-3 илјади битолчани кои беа во Хераклеја, уживаа во августовската прекрасна ноќ во концертот и долго ќе се сеќаваат, а денес ќе им раскажуваат на оние кои го пропуштија концертот.

Каролина ќе пееше хитовите од нејзиниот актуелен албум “Извор“ и албумот “Македонско девојче“, чии песни премиерно ги изведе во март на два концерти по ред во Битола.

Денес Каролина и бендот настапуваат во Античкиот театар во Охрид.

Фото: С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »