Press "Enter" to skip to content

“Широк Сокак“ во бело – Бела ноќ во Битола два дена, со Владо Јаневски и “Bang la decks“

Организаторите на 8. по ред манифестација “Широк Сокак во бело“ или Бела ноќ во Битола, која оваа година за прв пат ќе биде две вечери, ги објавија имињата на учесниците кои ќе ги забавуваат битолчани на 24 и 25 август.

Првата вечер, на 24 август (петок) ќе настапи најголемиот романтичар на сите времиња, Владо Јаневски додека за втората вечер на 25 август (сабота) свој ди-џеј сет ќе има мега популароното дуо “Bang la decks“.

Организаторите велат дека оваа година настанот ќе биде најдобар и најмасовен досега.

More from БитолаMore posts in Битола »