Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Се наѕираат контурите на меморијалниот парк “Еврејски гробишта“

Идејата која започна да се реализира пред неколку години Еврејските грибишта да се претворат во меморијален парк се одвива според планот, а деновиве на самото место се уверивме во тоа.

На големата платформата која треба да има централно место во меморијалниот парк им се наѕираат контурите, а по бетонирањето на основата поставена е металната контрукција, а сега може да се зебележи и големината на платформата.

Во меморијаниот парт покрај градежните зафати планирано е засадување по едно дрвце за секое битолско еврејско семејство.

Новиот лик на еврејските гробишта во Битола и ставањето на меморијаниот парк во фубкција ќе придонесе во зајакнувањето на пријателството, соработката и меѓусебното разбирање помеѓу македонскиот и израелскиот народ.

More from БитолаMore posts in Битола »