Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: две пријави во СВР Битола за оддалечување на лица од дома

На 16.08.2018 година во 21.00 часот во СВР Битола, Б.М. (57) од Битола пријавил дека на 11.08.2018 година околу 22.30 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка М.М. (32).

На 16.08.2018 година во 14.15 часот во СВР Битола, М.Д. (29) од Битола пријавил дека на 15.08.2018 година околу 04.00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга А.Д. (32), која со себе ја земала и нивната петгодишна ќерка.

Во двата случаи се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

More from БитолаMore posts in Битола »