Press "Enter" to skip to content

“Неделата на безбедност во сообраќајот“ започна во Битола

Општински Совет за безбедност на Сообраќајот на патиштата Битола денес со прес-конференција која ја одржа на отворено, пред официјалниот билборд на кампањата, започна “НЕДЕЛАТА НА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ“ од 2 до 7 септември.

Како што рече претседателот на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Битола, д-р Јасмина Буневска Талевска, кампањата ќе има едукативен карактер, а крајна цел е да го разбудиме чувството кај граѓаните за подигнување на културата на однесување во сообраќајот и за почитување на сообраќајните правила и прописи.

-Сакаме и да ги поттикнеме надлежните институции со еден организиран пристап во решавањето на сообраќајните проблеми да покажат дека безбедноста на сите групи на учесници во сообраќајот е нивна институционална обврска и интерес на највисоко ниво, посебно безбедноста на децата, рече д-р Јасмина Буневска Талевска, а за планираните активности оваа седница додаде:

-Планираните активности се теренски, “директно со граѓаните“, а опфаќаа, мерки за подигнување на безбедноста за учениците преку работилницата „Училишните тротоари се за деца, а не за возила“, како и мерки за сузбивање на непрописното паркирање, мерки за подобрување на уличната сигнализација посебно во делот на хоризонталната сигнализација, мерки за подобрување на вело сообраќајот (рути, вело-паркинзи, рампи) и промоција на вело-паркиралишта на нови три локации во градот (Јавор, АТПазар и кај Офицерски Дом) трите донација на ДПН “Градски Паркинзи“ од Битола и работилница за подобрување на ТАКСИ превозот и на јавниот градски превоз посебно во делот на состојбата на автобуските стојалишта, и други.

Кампањата е насочена кон алтернативните видови на превоз заради промоција на мерки за намалување на загадувањето.

-Лично верувам во плодна кампања, а задоволна сум што “алармот кај локалната самоуправа се вклучи“, и деновиве започна рехабилитацијата на хоризонталната сигнализација. Сакам Битола да продолжи да живее во духот на културата и безбедноста во сообраќајот, пораките да допрат до секој граѓанин и сите да продолжиме да ги практикуваме и пренесуваме. Заклучоците од постојната состојба и предлог мерките за подобрување ќе ги доставиме до Комисијата за безбедност при Советот на општина Битола за понатамошна координација, рече д-р Јасмина Буневска Талевска.

More from БитолаMore posts in Битола »