Press "Enter" to skip to content

Топло добредојде за првачињата во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ (фотогалерија)

Училишното звонче го означи стартот на новата учебна 2018/19 год. Утрово многу деца возбудено итаа накај своите училишта. Сите со нови спомени и доживувања од летниот распуст кој за некои како да беше многу краток. Повторно видување со своите соученици и наставници. Насекаде детски жагор и насмеани лица без оглед и што некои мореаа да станат рано.  Но сигурно највозбудени и растреперени со измешани чувства на страв, срам или тага беа новите ученици кои тргнуваат во прво одделение.Основното училиште  “Св. Кирил и Методиј“ денес свечено ги пречека своите првачиња со пригодна приредба за нив и нивните родители, баби и дедовци. На почетокот на приредбата свечено беше прикажан спотот на училиштето  низ кој виртуелно можеа да се запознаат со него.Со пораката “Ние гордо чекориме кон иднината“,  а иднината на училиштето сте вие нашите првачиња, беше громогласно поздравен еден од водителите на програмата ученикот Христијан Дракуловски кој заедно со Тео Прчков, од VI одделение ги најавуваа точките во кои се претставија ученички кои танцуваа и пееја на француски  и англиски јазик.После распределувањето на првачињата тие со своите учителки отидоа во своите училници. Во ова најстаро битолско основно училиште се запишани 54 првачиња, кои тука ќе го започнат своето школување.-Секогаш кога ни доаѓаат првачињата сме посебно возбудени, бидејќи и ние како нив имаме по малку трема, но по првото запознавање веќе сме многу поблиски. Се надевам дека оваа нова генерација на ученици во нашето училиште ќе има добри ученички денови и од тука ќе понесат добри спомени, вели одделенската наставничка, Лидија Поповска, која до сега има примено голем број на генерации во прво одделение, кои покрај со филмот се запознаа со училиштето и со училишниот весник.

Вработените во училиштето се погрижија не само првиот ден туку и останатите школски денови, првачињата и останатите повеќе од 400 ученици да учат во добри услови.-Оваа учебна година во нашето училиште го пополнавме двете паралелки во прво одделение и подготвени ги дочекавме нашите првачиња и сите други ученици со тоа што преку летото ги саниравме сите недостатоци и реконструиравме дел од училниците, ходниците, влезната врата и дворот.  Во училниците направивме нов распоред на делот на училниците со компјутери и оние без нив за да не се оштетуваат низ часовите, вели директорот на ОУ “Св. Кирил и Методиј“, Душко Костовски, кој им посака добредојде на првачињата и нивните родители кои беа со нив на првиот училишен ден.

За другите ученици кои започнаа на училиште беше ден за раскажување на доживувања од летниот распуст кој како си поминал. Учениците од повисоките класови од предметна настава гордо чекореа низ училиштето сигурни во себе.-Посебно сме возбудени сите и учениците и наставниците, овој ден е секогаш полн со емоции кога се гледаме после летото и сите си го честитаме почетокот на учебната година која кај сите буди изпомешани емоции, ни изјави Мелина Христова, наставник во одделенска настава во четврто одделение.

Ж. Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »