Press "Enter" to skip to content

Седница на Совет бр. 20, ќе се носи одлука за формирање на јавно претријатие за паркинзи

Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес ја закажа 20-та седница на Советот на Општината Битола за 07.09.2018 година (петок) со почеток во 10,oo часот, на која како прва точка на дневен ред ја постави  Иницијатива за започнување на постапка за основање на јавно претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општината Битола.

За иницијативата за формнирање на ова јавно претријатие градоначалничката на Битола, Наташа Петровска реде дека  на сегашниот концесионер со градските паркинзи, договорот му истекува во јуни 2019, по што управувањето ќе го преземе Општина Битола, а со оглед на тоа што процедурата за формирање на јавно претпријатие ќе трае неколку месеци, од локалната самоуправа велат дека до јуни целата постапк треба да биде звршена.  Петровска додаде и дека ќе има промени во опфатот, паркинг местата, но најбитно е тоа што  бенефитите ќе бидат за Општината.По оваа точка координаторот на советничката група на СДСМ, Методија Илиевски рече дека на седницата на Комисијата за јавни комунални дејности при Советот на општина Битола, усвоена е иницијативата на советничката група на СДСМ за започнување постапка за формирање на јавно претпријатие кое ќе упаравува со градските паркинзи и се овластува градоначалникот на Општина Битола да ги преземе сите законски дејствија за основање на ова претпријатие. На комисијата сите присутни членови едноглано гласаа за оваа инцијатива, а не присуствувале членовите од опозицијата. 

За седницата Груевски ги предложи и следните точки на дневниот ред:-Одлука за прифаќање на трајно користење без надоместок на движна ствар црево ПП ф-52 л-15 од страна на Општина Битола дадено од Дирекција за заштита и спасување Скопје

-Одлука за користење на Спортската сала Младост без надоместок

-Одлука за промена на името на Спортската сала во Битола од „Младост“ во „Боро Чурлевски“.

– Одлука за примање на донација од ПАКО МАК ДОО Скопје.

– Информација за безбедносната состојба на подрачјето на Полициска станица од општа надлежност Битола во текот на првото полугодие од 2018 година.

-Годишен план за вработување за 2019 година на ЈОУ ДГ „Мајски Цвет“ Битола

-Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на бруто пресметковниот бод за исплата на плата на вработени на ЈП „Комуналец“ Битола

-Решение за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во средните училишта на подрачјето на Општината Битола за учебната 2017/2018 година

-Решение за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во основните училишта на подрачјето на Општината Битола за учебната 2017/2018 година.

-Решение за давање согласност на Одлуката бр. 02-164/1 на Управниот одбор на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола за работа на воспитни групи со поголем број на деца за 2017/18 во ДГ „Мајски Цвет“, ДГ „Коца Василевска“, ДГ „Славејче“, ДГ „Пеперутка“, ДГ „Качунка“, ДГ „Кокиче“ и ДГ „Ѕвездички“.

-Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на почетокот и завршеток на работно време во Службата за административни работи и управување со човечки ресурси во ЈОУ ДГ „Естреја Овадија Мара“ Битола.

-Решение за разрешување и именување на член во Училишниот одбор на ОУ „Коле Канински“ Битола.

-Решение за разрешување и именување на член во Управниот одбор на ЈКП „Водовод“ Битола.

-Решение за разрешување и именување на член во Управниот одбор на КЈП „Нискоградба“ Битола.

-Решение за именување на членови во Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола.

-Решение за давање согласност на Регионалниот ресурсен центар за слепи лица и лица со оштетен вид за општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Новаци и Могила, за користење на името Битола.

– Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Дихово во идна урбанистичко планска документација

-Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Крклино во идна урбанистичко планска документација

-Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Лопатица во идна урбанистичко планска документација

-Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Крстоар во идна урбанистичко планска документација

-Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Кукуречани во идна урбанистичко планска документација

-Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Олевени во идна урбанистичко планска документација

-Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Маловиште во идна урбанистичко планска документација

-Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Трново во идна урбанистичко планска документација

-Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Бистрица во идна урбанистичко планска документација

-Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Долно Оризари во идна урбанистичко планска документација

More from ВестиMore posts in Вести »